среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Избувна пожар во трансформаторска станица во поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“

Избувна пожар во трансформаторска станица во поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“

Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.

Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба присуствуваат на настан за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема. (МИА)