Стара напуштена куќа изгоре вчера во пожар во село Орах – Старо Нагоричане.
Како што соопшти МВР, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, пожарот бил пријавен од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.
Во 16,50 часот од страна на увидна екипа од СВР Куманово, а по овластување од Јавен обвинител бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека избувнал пожар во стара камена куќа во која постојано не се живее, а била сопственост на Т.Т.(84) од Скопје. Од пожарот изгорела целата кровна конструкција на куќата, која потоа паднала.
Се работи на целосно расчистување на случајот.