На 29.01.2022 во 18.00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека помеѓу с.Ласкарци и с.Буковиќ настанал пожар при што горела нискостеблеста шума.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. На местото излегла екипа од Полициското одделение Сарај.