вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгоре викендица во Пехчево- повредена една жена

Изгоре викендица во Пехчево- повредена една жена

На местото викано „Амушкови чешми“, атар на Пехчево, вчера настанал пожар пред викендица, во која престојувала жена од Пехчево.

Според информациите, жената запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума.

Во инцидентот, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.