На 08.02.2021 во 00.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје настанал пожар во возило, по што пожарот се проширил и на соседните возила.
Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило “киа делта“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Б.(49); патничко моторно возило “ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице; патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.В. и патничко моторно возило “пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице.
Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа. Извршен е увид на местото на настанот.