сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измама тешка 14.000 евра: Скопјанец зел пари, но не ја завршил договорената работа – еве за што станува збор

Измама тешка 14.000 евра: Скопјанец зел пари, но не ја завршил договорената работа – еве за што станува збор

На 26.07.2023 во 12:00 часот во СВР Тетово, 45 – годишен жител на гостиварско село пријавил дека бил измамен од лице од Скопје за сума од 14.000 евра.

Според пријавеното, во текот на 2022 година тој се договорил со лицето, претставник на фирма од Скопје, да монтира лифт во неговата зграда, по што на 02.07.2022 склучиле и договор.

Како што е пријавено, до денот на пријавување тој на лицето со потврда му платил 14.000 евра за да почне со извршување на работите, додека другиот дел по завршување на работите, но лицето одбивало да ги изврши договорените работи.

Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.