Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(39) од с.Грешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.
На 05.02.2021, 03.04.2021 и 28.05.2021, Ф.М., во својство на предавач на теоретски дел на настава за оспособување на кандидати за возачи во автошкола од Кичево, со својот потпис овозможил правење службена исправа со невистинита содржина, односно во дневникот за евидентирање на наставата внел невистинита содржина дека во периодот од 16.00 до 19.05 часот одржал теоретска настава, иако во тие денови бил надвор од државата.