На 04.10.2022 во 12.20 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на гостиварско село, пријавил дека околу 11.00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар две машки лица, од кои едното зборувало на арапски јазик, го измамиле и му одзеле пари.
Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и притоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат.
Како што е пријавено, откако не се вратиле, тој ја отворил торбата и забележал дека нема девизи и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.