вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамена е штипјанка: Скопјанец ги зел нејзините пари, но не го сработил договореното

Измамена е штипјанка: Скопјанец ги зел нејзините пари, но не го сработил договореното

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“.

Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.

Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа.

Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа.