четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамниците кои продаваат онлајн конечно ќе одговараат: Кривична пријава за измамување на купувачи

Измамниците кои продаваат онлајн конечно ќе одговараат: Кривична пријава за измамување на купувачи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи” по член 248 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење на бебиња.

После тоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината,  видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот.

Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот.