Во периодот од 08.00 до 15.00 часот денеска, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 99 возачи, информираат од МВР.
– Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.