сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Извадиле маса и столчиња и започнале да пијат среде улица, кога татко и син сакале да поминат со автомобилот настанала драмата

Извадиле маса и столчиња и започнале да пијат среде улица, кога татко и син сакале да поминат со автомобилот настанала драмата

Во СВР Битола синоќа во 21,00 часот З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која седеле две лица кои конзумирале алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото .

– Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото и настанот го пријавиле во полиција, стои во соопштението од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.