На 03.03.2023 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.П.(37) од Неготино затоа што околу 18.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга и ѝ се заканил со остар предмет.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.