четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кај Штип ИЗЛЕТА ВОЗИЛО – тешко повредена жена

Кај Штип ИЗЛЕТА ВОЗИЛО – тешко повредена жена

Вчера попладне во 19 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Кадрифаково – Штип, кај населба Три чешми, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(47) од
Штип, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42) од Штип констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.