СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 25.07.2023 во село Сарај, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени 49 куршуми калибар 7,62 мм.