На 14.06.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на Кванташки пазар, каде што работел, по претходна расправија, тој, неговиот брат Ј.А. и уште еден вработен Н.А. биле физички нападнати од И.Б., неговиот брат И.Б., двајцата од с.Арачиново и уште три лица.
Притоа, според пријавеното, еден од браќата И.Б. им се заканил со пиштол и ги нападнал В.А. и Ј.А.. Додека, исто така, според пријавеното, едно од трите лица употребило тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.