ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава В.Ќ.(54) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривичнo делo „предизвикување општа опасност“.
Пријавениот на 16.08.2021 околу 16.30 часот, на место викано „Шамаците“, во атар на с.Возарци, запалил ѓубре и стари работи кои биле оставени во необработлива нива и предизвикал пожар, кој потоа почнал да се шири, со што предизвикал значителна опасност по околината.