петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кавадарчанец заврши зад решетки, физички нападнал полицаец

Кавадарчанец заврши зад решетки, физички нападнал полицаец

Службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода 32-годишниот кавадарчанец Х.В., затоа што физички нападнал полицаец кој извршувал службени дејствија, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Тој бил лишен од слобода рано изутринава во 01.40 часот на улицата „7-ми Септември“ во Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

Претходно, во 00.40 часот во ОВР Кавадарци, Х.В. пријавил дека во казино во градот бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.