сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнет 101 возач во Драчево

Казнет 101 возач во Драчево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Драчево изречени се вкупно 101 мерка, од кои 14 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, шест за брзо возење, две за возење под дејство на алкохол, девет санкции за користење на мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.