среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 160 возачи за брзо возење на територија на СВР Скопје

Казнети 160 возачи за брзо возење на територија на СВР Скопје

Денеска (03.04.2022) на територијата на СВР Скопје спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 160 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

При тоа 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.