петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 166 возачи за брзо возење

Казнети 166 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.

Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.