среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 169 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Казнети 169 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.