понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 183 возачи, возеле пребрзо на македонските патишта

Казнети 183 возачи, возеле пребрзо на македонските патишта

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи.

Од нив, деветмина се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.