петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 201 возач за брзо возење

Казнети 201 возач за брзо возење

Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата изрече 201 санкција.

Како што информира МВР, од нив 14 се за возачи кои управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а една за возач кој управувал со возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 112 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.