петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 208 возачи за 24 часа, возеле брзо

Казнети 208 возачи за 24 часа, возеле брзо

Во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 208 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.