Во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) во периодот од 10:00 до 14:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 298 санкции за сообраќајни прекршоци.
При контролата, санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.