четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 42 пешаци на територија на СВР Битола

Казнети 42 пешаци на територија на СВР Битола

Денеска (27.05.2022) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 42 пешаци од кои, 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, информираат од МВР.