вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 512 лица за брзо возење

Казнети 512 лица за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 512 возачи.

Од нив 51 возилo се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 242 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 270 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.