сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 54 возачи за недавање првенство на минување

Казнети 54 возачи за недавање првенство на минување

Министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 9:00 до 14:00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 54 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 14 на територијата на СВР Куманово, 11 на територија на СВР Тетово… При контролата санкционирани се и 254 други прекршоци.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.