петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казни и за пешаците на територија на СВР Битола: 24 санкции за прекршоци

Казни и за пешаците на територија на СВР Битола: 24 санкции за прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 24 пешаци од кои, 20 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

При акциската контрола санкционирани се и 30 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.