петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казни за 234 возачи, возеле со брзина поголема од дозволената

Казни за 234 возачи, возеле со брзина поголема од дозволената

Во текот на вчерашниот ден (09.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.