Во полициска контрола во содејство со вработени во Државен пазарен инспекторат, во Берово утврдено е присуство на три малолетни лица по 24:00 часот, додека двајца сопственици на угостителски објекти не го почитувале работното време.
– Во контролата која е спроведена на територијата на Општина Берово, од слобода е лишен 24 годишниот (П.К) од Берово за точење алкохол на малолетни лица, се вели во денешната информација од беровската полиција.
Беровецот се товари по член 204 од кривичниот законик.
Во полициското соопштение се додава дека по документирањето на случаите, против прекршителите се најавени соодветни пријави.