На 22.06.2022 во 00:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее.
Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало.
На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.