На 05.09.2022 во 13.00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село.
Тој се сомничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства.
По документирање на случајот против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок.