И денешниот полициски билтен е полн со настани за кражби и разбојништва.
Изминативе месеци граѓаните живеат во страв за безбедноста поради зголемениот број вакви дела што секојдневно се случуваат. Граѓани се жртва на крадци и разбојници низ цела Македонија, но насилниците не се зад решетки, туку шетаат на слобода и продолжуваат да ограбуваат и заплашуваат.
На 30.12.2017 година во 01.00 часот во Единицата за известување и команда -Скопје, К. С. (1990) од Скопје пријавил дека на 29.12.2017 година околу 22.30 часот на кејот на реката Вардар поточно на пешачката патека помеѓу градската плажа и дискотека во Градски Парк, три непознати лица со закана со нож и со удари со тупаници во пределот на главата му извршиле разбојништво, при што од предниот десен џеб од јакната му го одзеле мобилниот телефон „Ајфон 6с“ и околу 2.300 денари. Известени се инспектори од Одделот за имотни деликти од Полициската станица- Карпош.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С. (27), Ш.У. (37) и едно малолетно лице на возраст од 14 години, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавените, од 01.12.2017 до 06.12.2017 година, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ на ул. „Московска“ во Скопје одземале алуминиумски врати и прозори што биле демонтирани од студенскиот дом и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Т. (29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Имено, Ј.Т. на 11.10.2017 година во Велес, откако влегол во куќата на Н.Б., од плакар одзел два паричника во кои имало 12.500 денари, лична карта, картичка од банка со пин број и картичка за подигање на пари од шалтер. Потоа, прикривајќи го ликот со шал и капа, од банкомати, во два наврати подигнал вкупно 29.900 денари. На 18.12.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена дел од облеката што ја носел на себе при подигнување на парите од банкоматот. Во службен разговор во СВР Велес Ј.Т. ги признал делата.
На 29.12.2017 година околу 10,00 часот во Полицската станица-Тетово, М.Б. (1993) од Ниш, Република Србија, пријавила „силување и разбојничка кражба“ извршено над неа на 27.12.2017 година од страна на Ј. Џ.од Тетово. Имено на 27.12.2017 година околу 23.00 часот, М. Б откако ја преминала државната граница на див премин, Ј. Џ ја земал со кола и се движеле по шумски пат за с.Пирок. Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра (брендирана роба).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.