ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Р.(18) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед извршен врз него на 17.10.2021 на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, полициските службеници пронашле марихуана.