СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Б.(27) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 25.11.2021 во Битола, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени хероин, метамфетамин и предмети со остатоци од кокаин и хероин.
На 27.09.2022, повторно бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од хероин. По предлог на Јавен обвинител од ОЈО Битола, судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.