ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(53) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин.