вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца

Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца
фото илустрација

Поднесена е кривична пријава против лице од тетовско Стримница за вршење јавен превоз без лиценца, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(69) од село Стримница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 27.10.2022 на регионалниот пат Тетово-Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген венто“, при што констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца, посочуваат од МВР.