На 20.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Б.Н.(60) од с.Кукуречани, битолско.
Тој се сомничи дека на 18.02.2023 околу 17:00 часот во атар на село Крклино, битолско, запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија.
Б.Н. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.