Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.Р. (23) од струмичкото село Банско, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Од МВР денеска соопштија дека на 14.08.2020 околу 21.40 часот на регионалниот пат Струмица – село Дабиље, на влезот на селото, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Ново Село“, при вршење службени дејствија, било сопрено патничко возило „Алфа Ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Р., при што во возилото биле пронајдени 12 мигранти, и тоа девет од Сирија и три од палестинските територии. (MИА)