СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Велес и против Н.З.(64)-сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 24.12.2020, полициски службеници извршиле контрола во објектот и констатирале дека не се почитувале одлуките на Владата, односно објектот работел по дозволеното време и во него имало гости.