четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Првопријавениот Х.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, во декември 2021 примил и одобрил барање за издавање возачка дозвола и притоа во предвиденото поле не внел три пркршочни санкции „забрана за управување со моторно возило“, во вкупно траење од 18 месеци, кои претходно му биле изречени на подносителот.

Второпријавениот Д.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. На две лица од Куманово им овозможил да извршуваат работни задачи во Отсекот за управни работи Куманово по истекот на решенито кое го имале, а кое не било продолжено.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди поведе и иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против двајцата вработени.