СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Р.(46) од Росоман, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 30.01.2022, полициски службеници кај него и при преглед во патничко возило, пронашле куршуми со калибар 8.57 мм за кои не поседувал дозвола.