СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривични пријави против А.Г.(30), К.С.(25), Ј.Б.(21), А.Ф.(25) и М.Г.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.
На 11.12.2021 пријавените биле затекнати во угостителски објекти без сертификати за вакцинација против Ковид-19 што е спротивно на мерките на Владата за забрана за влез во угостителски објекти на лица без сертификат за вакцинација.