ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.М.(25) и А.К.(27), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Двајцата биле затекнати во патничко возило „опел астра“, а кај нив полициските службеници пронашле и одзеле метадон.