понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кршеле инвентар во кафеана во Дебар Маало бидејќи не сакале да го напуштат локалот по 21 часот, па го нападнале сопственикот

Кршеле инвентар во кафеана во Дебар Маало бидејќи не сакале да го напуштат локалот по 21 часот, па го нападнале сопственикот

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало и искршиле дел од инвентарот затоа што не сакале да си одат во 21 часот, до колку што сега работат угостителските објекти.

Според информациите на МВР, вчера З. В. (53) од Скопје пријавил во полиција дека во 14.20 часот, додека бил во својот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.

Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.