понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Крвав 8-ми Март во Прилеп: Двајца сопружници пронајдени мртви

Крвав 8-ми Март во Прилеп: Двајца сопружници пронајдени мртви

Во прилепската населба „Димо Наредникот“ денеска мртви биле пронајдени двајца сопружници.

Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на сопругот М.Н. (81) под балкон од зграда.

Според првичните сознанија, станува збор за убиство и самоубиство, бидејќи во станот на брачната двојка е пронајдено и телото на сопругата И.Н. (78) со прострелна рана во главата од пиштол, а телото на сопругот било пронајдено под балконот.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.