петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Крвнички претепаниот доктор примен на скопските Клиники

Крвнички претепаниот доктор примен на скопските Клиники

Докторот кој крвнички бил претепан од пациент од Mала Речица на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово, бил примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

-Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди,  вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој разговарал со претставници од МВР и се надева на брза разрешница на целиот случај.

Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.