Куќа и четири плевни биле биле зафатени од пожар во струшкото село Мороишта. Пожарот, како што соопшти денеска СВР Охрид се проширил од нива лоцирана во близина на селото.
-Во пожарот целосно изгореле и над 10.000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга, информира полицијата.
Струшката полиција и Јавен обвинител вчера извршиле увид на местото, а Полициската станица презема мерки за расчистување на случајот.